• петок, 05 декември 2025

Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“

Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“

Скопје, 27 октомври 2025 (МИА) -  Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“,  ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Северна Македонија, со учество на креаторите на политики, експерти и бизнис-лидери од Западен Балкан.

Настанот е во организација на Women on Boards Adria (WOBA) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). 

Воведни обраќања ќе имаат Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ во државава, Билјана Брејтвeјт, претседателка на WOBA, евроамбасадорот Михаилис Рокас, како и Тања Михајловска Димитриевска, главна амбасадорка на WOBA за Северна Македонија.

Клучните излагања ќе ги одржат Ирена Радовиќ, гувернерка на Централната банка на Црна Гора и основачка на Women on Boards Montenegro и Кармен Нитхамер, виша специјалистка за родова еднаквост во ЕИБ. лв/мд/

фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан