Тркалезна маса на тема „Безбедноста на пешаците во сообраќајот"
- Факултетот за безбедност- Скопје во соработка со Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата организираат тркалезна маса на тема „Безбедноста на пешаците во сообраќајот".

Скопје, 6 април 2022 (МИА) - Факултетот за безбедност- Скопје во соработка со Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата организираат тркалезна маса на тема „Безбедноста на пешаците во сообраќајот".
Како што е најавено од организаторите, на свечениот дел ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски" проф. д-р Сашо Коруновски, претседателката на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска и деканот на Факултетот за безбедност проф.д-р Никола Дујовски. цр/вг/