• понеделник, 23 декември 2024

Тркалезна маса за хармонизација на студиските програми со потребите на пазарот на труд

Тркалезна маса за хармонизација на студиските програми со потребите на пазарот на труд
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија денеска организира тркалезна маса на тема „Хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на трудот“. Како што информираат од Универзитетот, целта е бизнис и академската заедница на директна средба да развијат дебата за тоа како да се постигне соработка меѓу двете заедници, а бенефит би имале сите. Бизнисмените ќе ги презентираат профилите што им се потребни, а факултетот треба да продуцира таков кадар на профили. Најголеми корисници, како што посочуваат организаторите, би биле студентите, кои по дипломирањето би имале сигурна работа. фф/бак/

Остани поврзан