• среда, 18 декември 2024

Тркалезната маса на тема: „Улогата на судовите при заштитата на животната средина“

Тркалезната маса на тема: „Улогата на судовите при заштитата на животната средина“

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Центар за правни истражувања и анализи денеска организира тркалезната маса на тема: „Улогата на судовите при заштитата на животната средина“.  

Идејата за овој настан, како што соопштуваат организаторите, произлегува од последното начелно мислење на Врховниот суд на Република Северна Македонија, кое отвори суштински прашања и постави правни насоки во контекст на заштитата на животната средина.

-Настанот ќе се фокусира на значењето на начелното мислење, причините што довеле до неговото донесување и неговото влијание врз судиите кои ќе постапуваат во ваков тип предмети. Дополнително, ќе се разгледа и крајното значење на ова мислење за граѓаните и нивното право на здрава животна средина, посочуваат од Центарот за правни истражувања и анализи.

На тркалезната маса ќе учествуваат претседателката на Врховниот суд, судија Беса Адеми, и судија Џемали Саити, кои ќе го презентираат значењето на начелното мислење од правна перспектива и ќе дадат увид во тоа што следува понатаму. Своите гледишта и анализи ќе ги споделат и адвокатите Александар Гоџо и Жарко Хаџи Зафиров, како и професорот по управно право, Борче Давидковски.

Целта на овој настан е да поттикне поширока дебата и информирање на јавноста за улогата на судовите во заштитата на животната средина, како и за правните механизми кои им стојат на располагање на граѓаните. ев/дма/

Фото:МИА архива 

 

Остани поврзан