• вторник, 05 ноември 2024

Три инциденти во Тиквешко во текот на вчерашниот ден

Три инциденти во Тиквешко во текот на вчерашниот ден

Неготино, 5 септември 2024 (МИА) - Три инциденти во Тиквешијата биле евидентирани во текот на вчерашниот ден, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Во 14:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го привеле Д.С., 45-годишен неготинец, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и фрлал тврди предмети кон куќата на неговиот 65-годишен сосед Љ.Т..

- Имено, претходно Љ.Т. пријавил дека на улицата било паркирано патничкото возило на Д.С., што му го попречувало влезот од неговата куќа. Откако полициските службеници го предупредиле Д.С. за паркираното возило, тој почнал да фрла тврди предмети. Потоа, настанала расправија помеѓу Љ.Т. и С.Н., на возраст од 74 години и Б.Н., лице на 72-годишна возраст. По документирање на настаните, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, се појаснува во соопштението.

Во ОВР - Кавадарци биле пријавени два физички напади.

- Во 14:25 часот, 27-годишниот кавадарчанец М.Х. пријавил дека во село Марена, кавадаречко, тој и Р.П., на возраст од 19 години од Кавадарци, биле физички нападнати од едно лице. Во 18 часот, 70-годишниот кавадарчанец А.С. пријавил дека на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци, физички бил нападнат од Т.П. од кавадаречко село, се наведува во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните. бд/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан