• недела, 22 декември 2024

Три земјотреси регистрирани во околината на Маврово

Три земјотреси регистрирани во околината на Маврово
Скопје, 24 мај 2021 (МИА) - Три земјотреси се регистрирани изутринава во регионот на Маврово, соопшти денеска Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентрите на овие земјотреси биле на 65 километри југозападно од Скоpje во околината на Маврово. Првите два биле со интензитет од 3,2 степени според Рихтеровата скала, додека третиот имал интензитет од 2,4 степени. -Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 65km југозападно од Скоpje во околината на Маврово и беа првите два со локална Рихтерова магнитуда ML3.2 додека третиот со магнитуда ML2.4, се наведува во соопштението. Според досегашните податоци првите два земјотреса биле почувствувани од населението во Маврово со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени, а третиот земјотрес беше почувствуван во Маврово и околината со интензитет од III степени според истата скала. ац/

Остани поврзан