• петок, 05 декември 2025

Три автобуси и едно комбе опожарени во кочанската населба Оризари

Три автобуси и едно комбе опожарени во кочанската населба Оризари

Штип, 1 јули 2025 (МИА) – Tри автобуси и едно комбе на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари. Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи-Штип.

-Денеска во 02:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица–Кочани, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Се посочува дека нема повредени лица. Се очекува во текот на денот да биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани. вдј/фф/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан