• петок, 22 ноември 2024

Три автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

Три автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце на 27 и 28 август годинава  констатирале непочитување на законите кај три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. Како што информира МВР, при контрола на автобус со кумановски  регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. -Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица, соопшти МВР. вј/дма/

Остани поврзан