• петок, 05 декември 2025

Трипуновски од струмичко: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

Трипуновски од струмичко: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

Струмица, 8 август 2025 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој е на терен во гевгелиски и струмички регион денеска изјави дека според првичните информации од Државниот земјоделски инспекторат откупот оди во нормален тек, има добар род на пиперка, а квалитетот е солиден.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски потенцирал дека во текот на вчерашниот ден исплатено се над 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци.

-За потсетување, во текот на вчерашниот ден исплативме по подмерката 1.7 по 3 денари по килограм за сите градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Односно исплативме над 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци, истакнал Трипуновски.

Тој потенцирал дека заложбата на Владата и премиерот Христијан Мицкоски во делот на земјоделството и градинарството е тоа што во Програмата за 2025 година има зголемување на субвенцијата по килограм предадена пиперка, од 3 денари на 4 денари за периодот август – октомври. И за останатиот период, додал министерот, од 5 на 6 денари по килограм. ац/

Фото: МЗШВ

Остани поврзан