• среда, 17 јули 2024

Трипуновски од Делчево: Власта да најде решение за производителите на слива 

Трипуновски од Делчево: Власта да најде решение за производителите на слива 
Скопје, 24 август 2022 Денеска сум во Делчево и делчевско на посета и разговор со производителите на слива од овој регион кои во моментов се соочуваат со проблеми на пласман и откуп на сливата од овој регион. Денеска и земјоделците од овој регион протестираат против немањето откуп и ниската откупна цена која во моментов ја понудуваат откупувачите од овој регион, практично цената е мизерни 8 денари по килограм кој што едноставно никој не ги откупува, затоа и го блокираа регионалниот пат, да го изразат своето незадоволство кое што го живеат во моментов. ВМРО-ДПМНЕ секогаш давало поддршка на земјоделците, така да и мојава денешна посета е да уште еднаш да апелирам до власта, ова што се случува во земјоделскиот сектор во Република Македонија и со земјоделците од Малешевијата е навистина загрижувачки и дека навистина треба да ги одработат своите работни активности во и интерес на земјоделците, и министерот за земјоделство и владата на Република Македонија. Да не трошат пари на луксуз и луксузирање на државен трошок туку навистина да работат во интерес на земјоделците. Само за потсетување СДСМ во овој регион, во предизборието во 2016 година ветуваше и дистилерии и откупувачи и пласман сигурен на овој земјоделски производ, денеска гледаме дека земјоделците мака мачат како да го предадат родот свој. Оваа денешна посета е уште еден апел до власта, затоа што навистина земјоделците, жителите од овој регион кој што егзистираат и единствен приход им е одгледувањето и продажбата на сливата ќе не можат да ја презимат зимата која што е на самиот праг, затоа што овој производ им е единствената егзистенција.  
Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан