• петок, 05 декември 2025

Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата, ние продолжуваме со борбата против корупцијата

Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата, ние продолжуваме со борбата против корупцијата

Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Како што се наведува во соопштението од МЗШВ, Трипуновски посочи дека веднаш по сознанието односно акцијата која што ја спроведе Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, преземени се дополнителни активности со цел да се провери работењето на самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

-Ќе се преземат одредени активности во делот на контролните механизми, во делот на исплатата на ИПАРД средствата, појасни министерот Трипуновски.

Тој посочи дека во брз период ќе има нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи со нормална динамика.

-Ние како држава сме решени да ја спроведеме борбата против корупцијата, нагласи министерот Трипуновски. дма/вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан