• недела, 22 декември 2024

Трибина на СДСМ во Кочани: Актуелната влада им врати 2,6 милијарди евра на граѓаните и компаниите

Трибина на СДСМ во Кочани: Актуелната влада им врати 2,6 милијарди евра на граѓаните и компаниите

Кочани, 23 декември 2023 (МИА) – Граѓаните можат да веруваат во подобра иднина на државата со СДСМ затоа што оваа партија значи државотворност, им обезбедува повеќе пари и европска перспектива, затоа што се идентификува со клучните успеси на македонски народ и македонската држава, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“, што вечерва се одржа во Кочани.

- Факт е дека во најголемата светска економско-енергетска криза обезбедивме економски раст, дека имаме надолен тренд кај инфлацијата што веќе е на ниво пред кризата, а има реален раст кај платите и пензиите и куповната моќ на граѓаните. Просечната плата СДСМ ја покачи на речиси 39.000 денари, или 630 евра, што е неспоредливо со времето на ДПМНЕ кога таа беше 360 евра. Кај граѓаните и компаниите вративме 2,6 милијарди евра. Само со последниот пакет антикризни мерки 662 милиони евра насочуваме кон 120 илјади млади лица, 187 илјади пензионери, како и кон 74 илјади социјално ранливи граѓани и над 70 илјади компании. Тоа е нашата грижа за сите, затоа што кога СДСМ е на власт има повеќе за сите, истакна Ковачевски.

На трибината во Кочани се обрати и членот на Централниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, при што нагласи дека со досегашните и мерките што ќе следат во наредниот период актуелната Влада покажува дека е искрен и верен партнер на земјоделците.

-За првпат во досегашната практика за финансиска поддршка, и оризопроизводителите и сите други земјоделци в понеделник ќе добијат авансни 30 отсто од субвенциите, што требаше да ги чекаат во мај или јуни следната година. Поддршката за зелена нафта за 2024 година ќе изнесува 100 отсто, односно целосно ќе ги покриваме трошоците, за што се обезбедени 10 милиони евра. Тоа значи дека заедно со сите други земјоделци и производителите на ориз сега ќе добиваат по 3.200 денари за хектар. Ги склучивме и првите 206 договори за кофинансирање на инвестициите со по десет илјади евра за земјоделците на кои тоа им е основна дејност, а радува фактот што меѓу нив има 121 млад земјоделец, истакна Николовски.

Пред присутните на трибината „Повеќе за сите“, Николовски најави дека во јануари ќе се формира и Сојузот на млади земјоделци и тоа ќе биде прв случај во регионот, со намера да се задржат младите луѓе во државата и во земјоделството. та/цр

фото: МИА и СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан