• недела, 19 мај 2024

Трибина на МЕД за состојбата со бездомни кучиња во руралните средини

Трибина на МЕД за состојбата со бездомни кучиња во руралните средини
Скопје, 29 август 2022 (МИА) - Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска во просториите на Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар ќе организира трибина за состојбата со бездомни кучиња во руралните средини. Од МЕД велат дека трибината се организира со цел да се даде поголемо внимание на оваа тема. - Имено според истражувањата со фотозамки на МЕД, вршени изминативе 10 години забележано е присуство на кучиња длабоко во шумите. Ова се должи на неодговорноста на сопствениците, но и недостигот на системи за заловување и згрижување на бездомните животни. Честа е глетката на оставени кучиња на планински превои како Ѓавато, Буково, Маврово и Попова Шапка, велат од Македонското еколошко друштво. Фокусот на трибината ќе биде на промената на однесување на кучињата во дивина,  нивното хибридизирање со волци и притисокот што го прават ловејќи диви животни, конкретно пленот на рисот. ки/сп/

Остани поврзан