• петок, 05 декември 2025

Трет пораз за македонските кадети на ЕП Б дивизија во Скопје

Трет пораз за македонските кадети на ЕП Б дивизија во Скопје

Скопје, 9.август 2025 (МИА) - Кадетската кошаркарска репрезентација на Северна Македонија вечерва загуби од Полска со 93:66. Ова за нашата репрезентација беше трет пораз во групата на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје. Резултат по четвртини: 35:11; 19:20; 24:13 и 15:22.

Почетокот на дуелот им припадна на кадетите на Полска кои стигнаа до висока предност по првите десет минути - 35:11 и им овозможи мирен тек до крајот на натпреварот. Македонскиот тим успеа да ги добие вториот и четвртиот период, но тоа беше премалку за да се ублажи високиот пораз. 

Најефикасен во македонскиот тим беше Александар Сотир, кој постигна 12 поени.

Северна Македонија по три натпревари е последна во групата Б. Утре на првенството е слободен ден, а во понеделник противник на Македонија е селекцијата на Босна и Херцеговина.   мн/

Фото: Фејсбук Кошаркарска репрезентација на Република Северна Македонија

Остани поврзан