• недела, 22 декември 2024

Тренчевска: Системот за социјална заштита функционира, тоа го потврдуваат самите корисници на услугите

Тренчевска: Системот за социјална заштита функционира, тоа го потврдуваат самите корисници на услугите

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети седиштето на граѓанската организација „АДРА“, што ја воспоставува услугата помош и нега во домот во општините Чаир, Бутел и Чучер Сандево. Министерството за труд и социјална политика, оваа услуга преку „АДРА“, ја испорачува за 79 граѓани, се наведува во денешното соопштение на МТСП.

Тренчевска заедно со претставници на „АДРА“, како што се додава во соопштението, посетија и корисничка на услугата во село Кучково, општина Чучер Сандево. Корисничката Живка, услугата ја добива два часа во денот.

- Ова е фактот за социјалната реформа со воведувањето на нови права и услуги, што даваат одлични резултати и им е потребна поддршка од социјална заштита, а тоа го остваруваме преку услугата помош и нега во домот, се истакнува во писмената изјава на Тренчевска.

Услугата помош и нега во домот, Министерството за труд и социјална политика ја спроведува преку Проектот за подобрување на социјалните услуги со поддршката на Светска банка. Во моментот, оваа услуга ја користат над 1.500 лица, додека за нивна грижа се ангажирани повеќе од 500 луѓе. бд/дма/

Фото: Министерство за труд и социјална политика

Остани поврзан