• понеделник, 18 ноември 2024

Трговскиот центар Скопје Ист гејт во последна градежна фаза, вкупната инвестиција е над 350 милиони евра

Трговскиот центар Скопје Ист гејт во последна градежна фаза, вкупната инвестиција е над 350 милиони евра
Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Скопје Ист гејт инвестира и во услови на пандемија, севкупната значајна инвестиција изнесува над 350 милиони евра и тоа е огромно вложување  за нашата земја, истакна премиерот Зоран Заев при увид на активностите за изградба на шопинг молот лоциран кај  поранешен Скопски саем. Сите кои донеле одлука да се спротивстават на пандемијата со инвестиции, посочи, тоа ќе го валоризират со огромен успех. Во комплексот покрај трговскиот центар се содржани десет станбени и пет деловни згради. Тоа, посочи Заев, значи отворање на голем број работни места, што е и наша  заложба да креираме поволен деловен амбиент за добро платени работни места и привлекување нови инвестиции, рече Заев. Очекува објектот да биде пуштен за десет месеци. Го потенцираше значењето на градежништвото коешто развива 70 дејности и поддејности и економска гранка со силно учество во вкупниот БДП на државата и во создавање работни места кои се добро платени. Потенцираше дека стопанството во услови на пандемија е поддржано со редица мерки, донесени се пет пакети со економски мерки за задржување на ликвидноста и поддршката на сите сектори. Позитивен сигнал во  услови на пандемија, како што рече, е и постојаниот раст на просечната плата. Како што информира Игор Давков, извршен директор на Ист Гејт Мол, за неколку месеци новиот шопинг мол ќе биде најатрактивна дестинација за посетителите од државава и од регионот. Трговскиот центар е во последна градежна фаза. Во готовата и затворена карабина како и завршените машински и електрични системски инсталации се почнати  занаетчиските активности  и останува да се доработи внатрешниот ентериер на молот, рече Давков, најавувајќи дека ќе донесат реномирани трговски марки. Ист гејт мол има бруто развиена површина од 160 илјади метри квадратни, се простира на две нивоа над земја и располага со 57  илјади метри квадратни вкупна површина за изнајмување. лв/ац/

Остани поврзан