• петок, 05 декември 2025

Трајков на меѓународна конференција во Дубровник: Македонија и предизвиците на патот кон ЕУ

Трајков на меѓународна конференција во Дубровник: Македонија и предизвиците на патот кон ЕУ

Скопје, 11 јуни 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков ќе учествува на 9-та Меѓународна научна конференција за прашања и предизвици од областа на ЕУ и компаративното право „Силна и безбедна Европа: Правни и Економски аспекти“ која во наредните два дена ќе се одржи во Дубровник.  

На конференцијата, заменик-министерката Трајков, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе има свое обраќање  на тема „Македонија на патот кон членството во ЕУ-предизвици и перспективи“.  

Деветтата Меѓународна научна конференција за прашања и предизвици од областа на ЕУ и компаративното право е во организација на Универзитетот „Јосип Јурај Штросмајер“ во Осијек.  

Меѓународната научна конференција „Прашања и предизвици на ЕУ и компаративното право (ECLIC)“ ги разгледува правните и економските аспекти на членството во ЕУ преку мултидисциплинарен пристап, особено во однос на актуелните прашања за институционалната поставеност на ЕУ, законодавната рамка и влијанието на правото на ЕУ врз различните правни области на земјите-членки, како и економските предизвици со кои се соочуваат Унијата и земјите-членки. дма/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан