• вторник, 21 јануари 2025

Трајков: Економските односи се мост за доверба и блискост меѓу народите

Трајков: Економските односи се мост за доверба и блискост меѓу народите

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, присуствуваше на конференција на тема „Дијалог на граѓанското општество меѓу Македонија и Бугарија, eкономски развој – трговија и инвестиции", информираат од Министерството. 

На настанот, заменик министерката Трајков ја истакнала важноста на економската соработка како клучен двигател за стабилност, просперитет и пријателство меѓу народите на Македонија и Бугарија. Таа нагласила дека економските односи не се само прашање на трговски бројки и инвестиции, туку и основа за зајакнување на довербата и блискоста меѓу двете земји.

-Наша цел е да ги продлабочиме економските односи преку конкретни иницијативи, како што се зајакнување на прекуграничната соработка, поддршка на малите и средни претпријатија и создавање услови за нови инвестиции. Овој настан е само почеток на уште поинтензивна и плодна соработка, изјавилс Трајков.

Заменик министерката ја истакнала и важноста на европските вредности и стратешката насока за заеднички напори во правец на европската интеграција на Македонија и продлабочување на партнерството со Бугарија.

Се очекува резултатите од овој настан да придонесат за понатамошен економски и социјален напредок на двете земји и создавање нови можности за сите граѓани. сст/дма/

фото Министерство за европски прашања

 

Остани поврзан