Трајков во работна посета на општина Илинден
- Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска е во работна посета на општина Илинден, каде ќе се сретне со градоначалникот на општината, Александар Георгиевски.
Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска е во работна посета на општина Илинден, каде ќе се сретне со градоначалникот на општината, Александар Георгиевски.
Како што соопштија од нејзиниот кабинет, фокус на средбата ќе биде поддршката на нашата земја преку европските фондови и потребите на општината за поголемо искористување на овие средства со цел реализација на проекти од интерес за граѓаните.
Европските фондови, велат, се од голема важност за македонската економија бидејќи помагаат и во развојот на компаниите, но и ги стимулираат бизнисите на што повеќе нивно искористување. сст/дма/
Фото: МИА архива