• среда, 18 декември 2024

Трамп потпиша закон за финансирање на последиците од епидемијата

Трамп потпиша закон за финансирање на последиците од епидемијата
Вашингтон, 24 април 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша закон за финансирање на последиците од пандемијата на коронавирусот вреден околу 500 милијарди долари со кој ќе бидат проширени можностите за кредитирање на мали претприемачи во периодот на деловното закрепнување. Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин најави надзор на администрацијата во спроведувањето на овој закон со цел на поголемите компании да им се оневозможи пристап до средствата предвидени со овој закон. На церемонијата на потпишување на законот во Белата куќа Трамп повторно одби да одобри помош за Американската пошта се додека не ги зголеми цените на своите услуги за испраќање пакети за клиенти на компанијата Амазон. јт/

Остани поврзан