Трамп и Меланија пристигнаа на Флорида
- Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија слетаа на Флорида.

Вашингтон, 20 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија слетаа на Флорида.
Трамп и Меланија ќе бидат на Флорида кога ќе положат заклетва новиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.
Претходно денеска, за време на кратката проштална церемонија во воената база Ендруз, Трамп им порача на граѓаните дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори за нив. паг/