• четврток, 21 ноември 2024

Трамп го нарече напаѓачот од училиште во Џорџија „болно чудовиште“, а Харис повика на крај на насилството со огнено оружје

Трамп го нарече напаѓачот од училиште во Џорџија „болно чудовиште“, а Харис повика на крај на насилството со огнено оружје

Вашингтон, 5 септември 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп го нарече сторителот на масовното убиство во училиште во Џорџија „болно и изопачено чудовиште“.

„Овие драги деца ни беа одземени премногу рано од едно болно и изопачено чудовиште“, напиша тој на својата социјална мрежа „Трут Соушал“.

Потпретседателката и кандидатка за Белата куќа од Демократската партија, Камала Харис, повика на решителни мерки против насилството со огнено оружје.

„Мораме да ставиме крај на епидемијата на насилство со огнено оружје во нашата земја еднаш засекогаш. Нема причина да се помириме со ова“, рече таа на предизборен настан во Њу Хемпшир.

Четиринаесетгодишен ученик вчера отвори оган во гимназија во Џорџија, убивајќи четворица и ранувајќи уште деветмина.ссм/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан