„Травијата“ на Верди во Национална опера и балет
- Денеска во Националнта опера и балет ќе се одржи изведба на ремек – делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“.

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) – Во Националнта опера и балет вечер ќе биде изведено ремек – делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“.
Партитурата на „Травијата“ изобилува со музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот, посочуваат од НОБ.
Диригент на претставите е Бисера Чадловска, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, креирајќи моќна продукција чии главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), а кореограф Саша Евтимова.
Настапува домашната солистичка екипа: Ана Дурловски, Благој Нацоски, Марјан Јованоски, Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Операта ќе има изведба и на 31 октомври. свс/мд/
Фото: Национална опера и балет