• петок, 22 ноември 2024

Тото Волф за новите прописи: Тимовите ќе се израмнат, никој друг нема да се одлепи ни секунда

Тото Волф за новите прописи: Тимовите ќе се израмнат, никој друг нема да се одлепи ни секунда
Лондон, 21 јануари 2022 (МИА) - Главниот извршен директор на Мерцедес, Тото Волф, смета дека во новата сезона, со оглед на преминот кон нова техничка регулатива и работа под буџетскиот плафон, тимовите ќе имаат повеќе еднакви можности. - Верувам дека благодарение на буџетскиот плафон, можностите на многу тимови ќе се изедначат. И ако некој најде дупка во новата регулатива и поради тоа успее да се отцепи, тогаш сите останати ќе можат повторно да го креираат ова решение. Автомобилите ќе бидат многу слични еден на друг. Да, во првата година можни се разлики, но потоа ситуацијата ќе се изедначи. Веќе нема да гледаме ниту една екипа да се одлепи од конкуренцијата ниту за секунда. Секако, тимовите со длабоки џебови не се премногу среќни поради ограничувањата и фактот што во таква ситуација ја губиме предноста. Но, генерално, ситуацијата е деградирана до состојба на ривалство на ресурси помеѓу Ред Бул, Ферари и нас. Сега ситуацијата ќе биде поизбалансирана. Мислам дека во иднина 5-6 екипи ќе се борат за титулата. А за Формула 1 тоа е супер. На крајот на краиштата, Суперболот исто така не би бил толку интересен ако победникот секогаш беше истиот тим, рече Волф. Новата сезона во Формула 1 ќе почне викендот 18 - 20 март со трката за Големата награда на Бахреин. зс/

Остани поврзан