Тотенхем нуди 50 милиони евра за Шкрињар
- Директорот на Тотенхем, Стив Хичен веќе разговарал со агентот на Шкрињар во Милано.
Лондон, 24 септември 2020 (МИА) - Англиски Тотенхем подготви понуда од 50 милиони евра плус бонуси за словачкиот дефанзивец на Интер Милан Шкрињар.
Директорот на Тотенхем, Стив Хичен веќе разговарал со агентот на Шкрињар во Милано.
Претходно вчера „Скај Спорт Италија“ откри дека барале 60 милиони евра од Интер за нивниот играч, но „петлите“ не се подготвени да платат толку.
„Нероазурите“ се надеваат дека ќе го продадат 25-годишниот Шкрињар, а со добиениот дел од сумата ќе гопривлечат Никола Миленковиќ од Фиорентина.