• четврток, 30 јануари 2025

Торино го промовира Елмас

Торино го промовира Елмас

Торино, 30 јануари 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Елиф Елмас, му се приклучи на Торино како позајмен играч, објави калчолигашот.

Договорот важи до крајот на сезоната 2024/25. Има опција за откуп.

Дваесет и петгодишниот Македонец му се приклучи на Лајпциг од Торино во јануари минатата година. За германскиот тим одигра 22 натпревари на кои постигна една асистенција.

Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред на Торино, Иван Илиќ е пред трансфер во Спартак Москва. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан