Том Хенкс преговара за улогата на Џепето во „Пинокио“
- Новата преработка ќе ја режира Роберт Земекис. Тој и Хенкс заедно работеа на оскаровскиот филм „Форест Гамп“ од 1994 година и во уште два други филма.

Лос Анџелес, 6 август 2020 (МИА) - Двојниот оскаровец Том Хенкс е во преговори со компанијата „Волт Дизни“ за улога во играната верзија на „Пинокио“, и тоа како дрводелецот Џепето.
Класичната приказна е на писателот Карло Колоди, а цртаниот филм „Пинокио“ на „Волт Дизни“ излезе 1940 година.
Новата преработка ќе ја режира Роберт Земекис. Тој и Хенкс заедно работеа на оскаровскиот филм „Форест Гамп“ од 1994 година и во уште два други филма.
Сценариото е на Сајмон Фарнаби.
Филмот е во претпродукција. си/паг/