• сабота, 23 ноември 2024

Том Хенкс: Киното ќе преживее, но ќе има големи промени

Том Хенкс: Киното ќе преживее, но ќе има големи промени
Лос Анџелес, 28 декември 2020 (МИА) - Холивудската ѕвезда Том Хенкс смета дека и покрај корона-пандемијата, киносветот ќе преживее и ќе ги надмине сите сегашни препреки. - Дали киносалите ќе постојат и натаму? Апсолутно, да!, изјави Хенкс за „Колајдер“. - На некој начин, откако тие ќе бидат отворени и во функција, ќе имаат слободен избор за тоа какви филмови сакаат да прикажуваат. И јас не сум пророк кога станува збор за ова, но ќе кажам дека големите филмови и натаму ќе ги имаат своите 5 минути во киносалите, додава тој. Хенкс се пошегува дека неговиот нов „Вести за светот“, можеби, е еден од последните филмови „за возрасни“, каде што заплетот е воден од „занимливи работи“ што ликовите треба да ги кажат, а ќе се појават во кината наскоро. - Лавината промени предизвкана од Ковид-19 е бавен воз... Мислам дека ќе има и многу филмови што ќе се емитуваат само на стрим-платформите и ќе биде добро да се гледаат на тој начин, бидејќи тие се всушност изградени и направени за големите телевизори со голем екран во домовите, вели Хенкс. Тој додадва и дека, без сомнение, ние сме „во голема крива на промени“, каква што немало и кога беа измислени VHS касетите. си/

Остани поврзан