• вторник, 05 ноември 2024

Том Бауер: Меган Маркл ја навредила принцезата Шарлот

Том Бауер: Меган Маркл ја навредила принцезата Шарлот
Лондон, 29 јули 2022 (МИА) - Обожавателите на британското кралско семејство ширум светот деновиве го читаат четивото на годината за нив - книгата „Одмазда“ (Revenge) на британскиот новинар Том Бауер, во којашто Меган Маркл е опишана преку најлошите можни приказни на поранешните колеги, пријатели, но и татко ѝ Томас Маркл. Том Бауер, познат британски новинар, посвети неколку месеци на истражување на животот на Меган Маркл, а книгата што ја напиша сега се продава на „Амазон“, и тоа - доста успешно. Делови од книгата се објавени и на Твитер, а една ситница особено ги погоди обожавателите на кралското семејство... [caption id="attachment_1753376" align="aligncenter" width="765"]принцезата Шарлот принцезата Шарлот[/caption] Имено, според наводите, Меган ја тормозела малата принцеза Шарлот пред венчавката со Хари и ѝ кажала дека е „дебела“. Ова, вели писателот, страшно ја погодило Кејт Мидлтон, која се расплакала, а тој настан засекогаш го променил односот меѓу двете принцези „јатрви“. На интернет се активни и ознаките #MeghanMarkleExposed и #MeghanMarkleBulliedCharlotte, со илјадници објави. Авторот признава дека за книгата, интервјуирал пред сѐ луѓе кои денес не се во добри односи со Меган и немаат најдобро мислење за неа. Токму тие ја опишуваат сопругата на принцот Хари како многу наметлива, тешка, нефлексибилна и која често до солзи ги повредува своите блиски луѓе и соработници.  си/

Остани поврзан