• сабота, 17 јануари 2026

Томовски останува во Германија

Томовски останува во Германија

Скопје, 9.јули 2025 (МИА) - Репрезентативниот голман на Македонија Мартин Томовски ја продолжува својата интернационална кариера. Во следните две сезони тој ќе биде член на членот на Втората Бундес лига Битигхајм.

Томовски потпиша двегодишен договор со клубот, кој претходната сезона го загуби статусот во Бундес лигата и планот на раководството на клубот е експресно враќање. Тренер на екипата е познатиот Шпанец Икер Ромеро. 

Македонскиот ракометен голман досега во својата кариера има интернационално искуство во Германија каде бранеше за Лудвигсхафен и Потсдам, додека во Македонија беше на голот на Металург и на Вардар.   мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан