• понеделник, 23 декември 2024

Тинејџерка во САД се самоубила поради стрес од самоизолација

Тинејџерка во САД се самоубила поради стрес од самоизолација
Њујорк, 13 април 2020 (МИА) – Тинејџерка од Калифорнија извршила самоубиство, како што се претпоставува, поради та што не можела да се избори со стресот во самоизолација. Самоизолацијата е воведена за се спречи ширењето на коронавирусот, од кој само во САД починаа повеќе од 21.000 луѓе. Џо Смит, стара 15 години, била пронајдена обесена во стан во Стоктон, а според медиумите, самоубиството го извршила поради насобран стрес во екот на епидемијата на Ковид-19 и наредбата сите да останат дома. Американските медиуми ги предупредуваат родителите дека мора да обрнат повеќе внимание на децата за да не се случуваат вакви трагедии. Мајката на девојчето, Даниела Хант, со која живеела Џо, рекла дека не нашла проштално писмо. јт/

Остани поврзан