• понеделник, 23 декември 2024

Тимот на Кино Влае победник на првиот турнир „Тројка за МЗТ“

Тимот на Кино Влае победник на првиот турнир „Тројка за МЗТ“
Скопје, 5 јули 2021 (МИА) - Екипата „Кино Влае“ го освои првото место на првиот ФИБА 3x3 турнир што викендот се одржа во спортскиот центар „Ново Лисиче“. Втората награда отиде во рацете на кошаркарите од „Терминатори“, а како третопласирана заврши екипата „Годсент“ од Битола. Победниците добија парични награди во висина од 800, 400 и 200 евра. - Овој настан уште еднаш покажа дека Аеродром со право го носи епитетот најспортска општина во земјава. Продолжуваме уште позасилено да ги поддржуваме сите спортови и да го развиваме спортскиот и натпреварувачки дух меѓу жителите на нашата општина, а истовремено на овој начин помагаме и во поттикнување на маалските дружења, особено во летните денови, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. Проектот е во организација на „3x3 Macedonia“, заедно со Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Општина Аеродром. зс/

Остани поврзан