• петок, 05 декември 2025

Тејтум се подложи на операција на Ахиловата тетива

Тејтум се подложи на операција на Ахиловата тетива

Бостон, 14 мај 2025 (МИА) - Ѕвездата на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, успешно ја оперираше Ахиловата тетива, која ја скина на натпреварот против Њујорк Никс, објави најуспешната франшиза во НБА.

Исклучително тешка ситуација за актуелните шампиони на НБА - тие губат со 3:1 во серијата од Њујорк Никс, а нивниот стартер е повреден.

Џејсон Тејтум се повреди три минути пред крајот на натпреварот, во кој постигна 42 поени, кој го добија Никси со 111:104.

Ова е најсериозната повреда за кошаркарите, за која е потребна речиси една година закрепнување.

Тејтум во просек постигнуваше 26,8 поени, 8,7 скока и шест асистенции по натпревар во текот на регуларната сезона. дс

Фото: Архива

Остани поврзан