• понеделник, 23 декември 2024

Тејлор Свифт ја освои главната „Ем-ти-ви“ награда и објави нов албум

Тејлор Свифт ја освои главната „Ем-ти-ви“ награда и објави нов албум

Њуарк, 29 август 2022 (МИА) - Тејлор Свифт ги изненади обожавателите на видеомузичките „Ем-ти-ви“ награди за 2022 година со објавување сосем нов албум во говорот откако ја освои главната награда на вечерта. Мегаѕвездата ги зеде одличјата за најдобар видеоспот и долг видеоспот, за „All Too Well“.

https://www.youtube.com/watch?v=qQ2N6mkf3YM - Почестена сум што ме препознаваат покрај такви неверојатни уметници и режисери. Првпат во историјата на „Ви-ем-еј“, четири од режисерите во категоријата за видеоспотови на годината се жени... „Друштво“, јас сум многу горда на она што го направивме и со секоја секунда од овој минифилм и, немаше да можеме да го направиме ако не беа обожавателите, изјави Свифт, излегувајќи на сцената по вторпат вечерта. Големите британски имиња главно им беа подредени на американските колеги на овогодишните награди, а само Хари Стајлс ја доби, во отсуство, значајната награда - за албум на годината. Еден од, можеби најспектакуларните мигови, беше изненадувачкото појавување на Џони Деп кој „лебдеше“ над сцената облечен како космонаут. https://www.youtube.com/watch?v=O_1swxQCRUU Годинашните видеомузички награди се одржаа на помалку од еден час во „Пруденшал центар“ во Њуарк, Њу Џерси, САД. Настанот го водеа Ники Минаж, Џек Харлоу и Ел-ел Кул Џеј. Свифт најави дека повеќе подробности за новостите ќе бидат објавени подоцна. си/сд/

Остани поврзан