Тејлор Свифт се извини за откажувањето на концертите во Австрија
- Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт вели дека е „обземена од страв“, откако властите открија план за напад при нејзин концерт во Виена.

Виена, 22 авгyст 2024 (МИА) - Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт вели дека е „обземена од страв“, откако властите открија план за напад при нејзин концерт во Виена, Австрија, како и од вина по разочарувањето на обожавателите поради откажување на трите настапи во градот.
„Откажувањето на концертите во Виена ми го кине срцето, а причината за откажувањето ме исполни со ново чувство на страв и вина, бидејќи толку многу луѓе планираа да дојдат на концертите“, напиша пејачката на Инстаграм.
Австриската полиција уапси 19-годишен маж, за кого соопштија дека признал намери да предизвика смрт и крвопролевање на концертите на пејачката. си/
Фото: МИА архива