• петок, 15 ноември 2024

Тејлор Свифт и Бредли Купер подарија своја гитара за добротворни цели

Тејлор Свифт и Бредли Купер подарија своја гитара за добротворни цели
Лос Анџелес, 16 октомври 2020 (МИА) - Тејлор Свифт, Бредли Купер и кантри-пејачот Кит Урбан подарија своја гитара за добротворната аукција на „Кристи’с“. Наддавањето и продажбата траат од денеска до 29 октомври, и имаат за цел прибирање средства и помош за кантри-музичарите во САД, погодени од корона-кризата. Така, гитарата „Гибсон“ на Тејлор Свифт и деветте перца, се очекува да достигнат цена од 25.000 до 40.000 долари. Електричниот инструмент на Бредли Купер, пак, користен во филмот „Ѕвездата е родена“ од пред две години, се проценува на 2.000 - 4.000 долари. На наддавањето ќе се најде и 30-годишен цимбал на кантри-ѕвездата Доли Партон (проценет на 50.000 - 100.000 долари), акордеон на Шерил Кроу (8.000 - 12.000 долари), како и гитари на Двајт Јокам и Блејк Шелтон. си/

Остани поврзан