• сабота, 29 јуни 2024

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Струга

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Струга

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - На улицата „Партизанска“ во Струга вчера патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта, на која потоа и се констатирани тешки телесни повреди.

Како што информираат од МВР, со возилото управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани.

-Малолетничката е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи, се наведува во соопштението на МВР. бт/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан