• петок, 20 декември 2024

Тешки обвинувања кон шефот на Барселона: Тимот должи речиси 2,5 милијарди евра

Тешки обвинувања кон шефот на Барселона: Тимот должи речиси 2,5 милијарди евра

Барселона, 15 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот кандидат за прв човек на Барселона, Виктор Фонт е на мислење дека Жоан Лапорта лаже за финансиската состојба на клубот.

Фонт јавно го критикуваше актуелното раководство на Барселона, велејќи дека тие не можат да го водат клубот и дека поднесуваат лажни извештаи.

-Лапорта е ист како Бартомеу. Не може да се снајде и дава лажни извештаи. Очигледно не мамат. Во последните четири години потрошивме 1,041 милијарди евра повеќе отколку што заработивме. Очигледно, таквото трошење е делумно наследство на Бартомеу по однос на платите и другите околности. Нашите приходи се многу пониски отколку во времето на Бартомеу. Лапорта собира кредити. Имавме долг од 1,15 милијарди, а сега веќе е 1,3 милијарди. Ако се земе предвид „Еспаи Барса“, веќе должиме 2,484 милијарди. Го прекршуваме законот затоа што нашите долгови се повеќе од двојно повеќе од нашиот буџет, обвини Фонт. дс

Фото: Архива

Остани поврзан