• среда, 10 јули 2024

Тетовски одгледувач победи на државниот шампионат за расата шарпланинец

Тетовски одгледувач победи на државниот шампионат за расата шарпланинец
Тетово, 18 април 2022 (МИА) - Петко Петковски одгледувач на шарпланинци од тетовско Јанчиште со својот претставник Купер стана државен првак на државниот шампионат што викендов се одржа во Скопје.  Купер има 4,5 години и беше победник во категоријата на машки шарпланинци. - Меѓународните судии одлучуваа за две категории исправност и за убавина. За да се достојно се претстави пред судиите долги подготовки имавме за движење и одржување на кондиција. Ја одржувавме убавината и чистотата на кучето со редовна хигиена, чешлање и слично, изјави Петко Петковски. Петковски е повеќедецениски одгледувач на шарпланинци. Во неговата одгледувачница „Петковски под Шара“ моментално има девет возрасни шарпланинци кои имаат над една година како и повеќе млади под 12 месеци. ас/цр

Остани поврзан