Тетовска наставничка доби француско одличје „Витез од редот на академски палми“
- Наставничката по француски јазик во ОУ „Лирија“ во Тетово, Мимоза Цека минатата недела доби одликување од францускиот амбасадор насловено „Витез од редот на академски палми“ за нејзината рабо

Тетово, 23 јуни 2021 (МИА) - Наставничката по француски јазик во ОУ „Лирија“ во Тетово, Мимоза Цека минатата недела доби одликување од францускиот амбасадор насловено „Витез од редот на академски палми“ за нејзината работа и посветеност на наставата по француски јазик во земјава. Ова одликување е воспоставено во 1808 година, а се доделува за исклучителни заслуги во областа на образованието.
-Оваа скапоцена титула на државата Франција, создадена во 1808 година, која има за цел да ги почести истакнатите членови на образовната заедница, ја одликува и со право ја цени големата инвестиција на Мимоза Цека во нејзините ученици, во Француската алијанса во Тетово, како и локалната заедница, за да го оживеат францускиот јазик и франкофонијата во градот Тетово, во полошкиот регион и пошироко, низ целата земја. Одличен говорник на француски јазик, одличен учител и почитувана колешка, Мимоза Цека никогаш не престана да инвестира хумано и професионално во предавање на француски јазик и пренесување на франкофонски култури и вредности. Ова одликување е плод на нејзината напорна работа, нејзината непоколеблива посветеност и нејзините жртви, информираа денеска од Француската алијанса во Тетово.

Наставничката Мимоза Цека беше одликувана од францускиот амбасадорот во земјава Сирил Бомгартнер. Покрај во основно училиште, наставничката Цека активна е и во Француската алијанса каде ја има и функцијата на потпретседателка. ас/мд/