• среда, 03 јули 2024

Тери Портер: Навивачите сакаат да го видат Лилард во тим кој ќе му даде вистинска шанса

Тери Портер: Навивачите сакаат да го видат Лилард во тим кој ќе му даде вистинска шанса

Портланд, 7 август 2023 (МИА) - Славниот играч на Портланд, Тери Портер, смета дека навивачите на клубот сочувствуваат со желбата на долгогодишниот лидер на тимот Демијан Лилард да го напушти клубот.

 

- Навивачите сакаат да го видат Лилард во тим кој ќе му даде вистинска можност за титулата. Тешкотијата е во тоа што Блејзерси, во случај на играч од калибарот на Демијан, очекуваат да добијат пристојна отштета, со која би можеле да тргнат во вистинска насока. Не знам дали Мајами ќе најде ресурси за да направи договор. Но, сигурен сум дека Пат Рајли и Ерик Споелстра - брилијантни кошаркарски умови - би сфатиле како да го користат Лилард, рече Портер.

 

Своевремено Портер беше двократен НБА Ол-стар. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан