Темков и Пројковска на отворањето на „Аполонија Арт“ во Созопол
- На отворањето на годинашниот 39-ти фестивал „Аполонија Арт“ кој се одржува во Созопол, Бугарија ќе настапат нашите реномирани уметници Страшо Темков – флејта и Сара Пројковска – пијано, професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - На отворањето на годинашниот 39-ти фестивал „Аполонија Арт“ кој се одржува во Созопол, Бугарија ќе настапат нашите реномирани уметници Страшо Темков – флејта и Сара Пројковска – пијано, професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
На програмата се дела од Г. Коларовски, Ф. Пуланк, Ф.Амиров, Б. Барток, А. Пјацола.вј/
Фото: Дирекција за култура и уметност