• петок, 22 ноември 2024

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со српскиот патријарх Порфириј

Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со српскиот патријарх Порфириј

Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј, по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во разговорот, претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, му се заблагодари на патријархот за одлуката, оценувајќи ја како можност за градење нови релации меѓу македонската и српската православна црква и надминување на горчливите теми од минатото.

-Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази надеж дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество. се наведува во соопштението. дма/ац/

Остани поврзан