Телефонски разговор Ердоган-Путин
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со претседателот на Русија Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија.

Истанбул, 21 април 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со претседателот на Русија Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија.
Двајцата лидери разговараа за соработката во борбата против пандемијата на новиот коронавирус и настаните во регионот.
Претседателите на Турција и Русија се согласија дека треба ја продолжат блиската соработка на полето на билатералните односи и за регионалните прашања, јави Анадолија. јт/