Телефонски разговор Вучиќ-Кошта за европскиот пат на Србија и важни прашања од интерес за Белград и за Брисел
Белград, 13 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговараше по телефон со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за европскиот пат на Србија, како и за заедничко ангажирање по важни прашања од интерес за Белград и Брисел.
„Долг и значаен разговор со Антонио Кошта за продолжување на европскиот пат на Србија. Се договоривме за заедничко ангажирање по важни прашања од интерес за Белград и Брисел“, напиша Вучиќ на Инстаграм. зш/јт/