• петок, 17 април 2026

Телефонски разговор Ванг - Дар за војната во Иран

Телефонски разговор Ванг - Дар за војната во Иран

Пекинг, 27 март 2026 (МИА) - Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји во денешниот телефонски разговор со пакистанскиот колега Мохамад Ишак Дар се согласи „заеднички да промовираат прекин на огнот и прекин на непријателствата, како и продолжување на мировните преговори за да се обезбеди безбедноста на невоените цели и морските патишта“.

- Почнувањето мировни преговори за војната во Иран не е лесна задача, но би помогнало во враќањето на нормалниот сообраќај низ Ормуската Теснина - наведе Ванг.

Тој истакна дека Кина ја поддржува посредничката улога на Пакистан. ми/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан