• петок, 05 декември 2025

Театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот Принц“ почнува утревечер во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

Театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот Принц“ почнува утревечер во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

Штип, 9 септември 2025 (МИА) – Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип утревечер почнува 13. издание на театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот Принц“, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и директор на Фестивалот, Пеце Ристевски. 

Како што истакна Ристевски, фестивалот кој ќе се одржи од 10 до 15 септември оваа година, ќе биде отворен со едночасовен концерт на „Петко 5+“, а во текот на фестивалските еднови публиката ќе има можност да проследи претстави, од како што рече, врвни македонски театарски куќи, како и да учествува на специјална театарска работилница за деца.

– Фестивалот ќе биде отворен утревечер на 10 септември, во 19.00 часот, со едночасовен концерт на бендот „Петко 5+“ (ОХО продукција), а во текот на фестивалските денови публиката ќе има можност да проследи претстави од врвни македонски театарски куќи, како и да учествува на специјална театарска работилница за деца, во којашто нашите дечиња ќе можат да учевствуваат, изјави Ристевски.

Четири од преставите ќе се одиграт во Центар за култура „Ацо Шопов“ Штип, а една во Народниот театар Штип (НТШ). Претставите ќе бидат во различен временски период прилагодени за најмалата публика. 

Режисерот во Народниот театар Штип, Никола Ристов вели дека дополнително дечиња од училиштата во Штип ќе имаат можност да учествуваат на работилници на кои ќе учат осовременување на познатите класични приказни.

– Таа група на деца ќе работи на осовременување на познатите класични приказни. Тие ќе научат како класична приказна да ја преработат со модерна, современа верзија од неа и од таа верзија на крајот ќе видиме како ќе биде процедурата, рече Ристов.

Најмладата публика од Штип и источниот регион може да ужива и да биде дел од публиката на Театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“, кој почнува од утре 10 септември и ќе трае до понеделник 15 септември. Програмата опфаќа претстави на НУ Македонски народен театар, Театар за деца и младинци - Скопје, НУ Народен театар - Битола и НУЦК „Антон Панов“ - Струмица. Фестивалот е финансиран од страна на Министерството за култура и туризам. вдј/ра

Фото: МИА

 

Остани поврзан