• недела, 22 декември 2024

Тврдината Мачу Пикчу повторно отворена за посетители

Тврдината Мачу Пикчу повторно отворена за посетители
Лима, 1 март 2021 (МИА) - Тврдината на средновековните Инки, Мачу Пикчу беше затворена поради епидемијата на коронавируст, а ќе биде повторно отворена за туристи од денеска, иако со ограничен број посетители. - Ќе ја отвориме тврдината на 1 март, но дневно, ќе можат да влегуваат 897 луѓе, со строги мерки против епидемијата на коронавирусот, изјави претставник на перуанското Министерство за култура. Археолошкото наоѓалиште претходно, на 2 ноември беше отворено за посетителите по осум месеци изолација поради корона-пандемијата. Но, повторно беше затворено на 31 јануари, од истата причина. Мачу Пикчу, што на кечуански јазик значи „Стара планина“, е изградена за време на владеењето на царот Пачакути (1438-1471) и се наоѓа на околу 100 километри од Куско, древната престолнина на Царството на Инките во југоисточен Перу. Местото е откриено 1911 година од страна на американскиот истражувач Хајрам Бингам, а во 1983 година е ставено на списокот на Светското културно наследство на Организацијата за образование, култура и наука при Обединетите Нации (УНЕСКО). Познатиот чилеански писател Пабло Неруда ја посетил тврдината Мачу Пикчу во 1943 година, три години таа пред да се открие за туристите. Во 1945 година, тој ја посвети песната „Alturas de Machu Piccu“ (Висините на Мачу Пикчу) на тој, сега веќе светски познат град од средновковието.  си/ссм/

Остани поврзан