• сабота, 23 ноември 2024

Тајфунот Доксури ја погоди источната кинеска провинција Фуџијан

Тајфунот Доксури  ја погоди источната кинеска провинција Фуџијан

Пекинг, 28 јули 2023 (МИА) - Невремето предизвикано од тајфунот Доксури денеска ја погоди источната кинеска провинција Фуџијан, носејќи обилни дождови и силни ветрови во делови од Тајван.

Во провинцијата Фуџиан, повеќе од 400.000 луѓе се евакуирани како мерка на претпазливост, стотици бродови се вратени во пристаништата, а транспортот е прекинат.

Исто така, летните школи не работат, а  жителите беа повикани да останат во затворени простории.

Засега нема извештаи за повредени, како и за големи материјални штети.

Тајфунот претходно ги погоди Филипините, каде загинаа најмалку 39 лица, од кои 26 при превртување на патнички брод, а останатите во лизгање на земјиштето, поплави и паѓање дрвја. Се додава дека околу 20 се водат како исчезнати, а илјадници се евакуирани.

Повеќето тајфуни имаат тенденција да губат сила откако ќе стигнат до брегот, по што се задржуваат над копното, предизвикувајќи обилни врнежи. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан