• понеделник, 23 декември 2024

Тајван и САД денеска ќе одржат трговски разговори

Тајван и САД денеска ќе одржат трговски разговори
Вашингтон, 27 јуни 2022 (МИА) - Тајван и САД денеска ќе одржат трговски разговори според нова рамка, соопшти канцеларијата на американскиот трговски претставник во Тајван. Заменик-трговскиот претставник на САД во Тајван Сара Бјанки ќе се сретне со највисокиот трговски претставник на Тајван Џон Дан за да разговараат за прашања поврзани со трговијата во 21 век, се вели во соопштението на нејзината канцеларија без повеќе детали за состанокот.  Настанот беше најавен овој месец, само неколку дена откако владата на американскиот претседател Џо Бајден го исклучи Тајван од својот економски план, чија цел е да се спротивстави на растечкото влијание на Кина во индо-пацифичкиот регион.  Тајван се уште се надева дека ќе постигне договор за слободна трговија со САД. паг/

Остани поврзан